“"Никогаш Исто” е првиот албум на Длабока Трага, издаден на 21.12.2012 година и комплетно продуциран од страна на Даре и Марко за Зад Аголот Продукција. Албумот содржи 16 песни на кои гостуваат Марко СВП, Павле, Аце Кн, Деки02, Rootsman, Коста, Дудо, Ајс. За скречовите се погрижија DJ Oky Doky и Dj Или, а за дизајнот Марјан Димиќ.